• Регистрирајте се за да ги добивате известувањата од Наградна Игра

Организирање на наградна игра

Организација на наградна игра.
AddThis Social Bookmark Button

Сакате да организирате наградна игра во Македонија? Е па не било толку лесно. Проверете.

Разгледувајќи го Законот за игрите на среќа и за забавните игри, дојдовме до една процедура околу организирање на една наградна игра која е условена од оваа регулатива.

Сакате да организирате наградна игра во Македонија? Е па не било толку лесно. Проверете.

Разгледувајќи го Законот за игрите на среќа и за забавните игри, дојдовме до една процедура околу организирање на една наградна игра која е условена од оваа регулатива.

Правилата на наградната игра

Тие особено содржат:

  1. назив и седиште на трговското друштво, односно трговските друштва;
  2. назначување на производите и услугите заради чие рекламирање се приредува наградната игра;
  3. име, опис и времетраење на наградната игра;
  4. опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра;
  5. територија на која се приредува наградната игра, односно на која се врши уплатата за учество во наградната игра;
  6. податоци за наградите во наградната игра;
  7. поединечна вредност на секоја награда од фондот на награди и вкупна вредност на фондот на награди, искажани во денари;
  8. услови за учество во наградната игра;
  9. текот на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на наградната игра;
  10. место, време, начин, постапка и контрола на извлекувањето на наградите,
  11. односно на определувањето на добивките и добитниците;
  12. начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите;
  13. начин на исплатата, односно остварување на добивката;
  14. рок во кој се врши исплатата, односно остварување на добивката;
  15. начин на запознавање на учесниците во наградната играта со правилата на играта;
  16. рок во кој незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор против приредувачот на наградната игра и
  17. забрана за учество во наградната игра на вработените кај приредувачот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства.

Овие правила се основата на наградната игра и заедно со нив и други посебни документи може да се поднесе Барање до Министерството за финансии.

Барање за добивање на дозвола за приредување на наградна игра

Барањето за добивање на дозвола за приредување на наградна игра се поднесува до Министерството за финансии на пропишан образец кој е даден на сликата подолу, и тоа најдоцна во рок од 15 дена пред почетокот наградната игра. Министерството одлучува во рок од 8 работни дена.

Кон барањето се доставува:

  1. документ за регистрација на трговското друштво, односно трговските друштва издаден од Централниот Регистар на Република Македонија не постар од шест месеци од денот неговото издавање;
  2. правила на наградната игра, кои ги спомнавме погоре;
  3. потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на трговското друштво, односно трговските друштва не им е изречена споредна казна забрана за добивање на дозвола за приредување на игри на среќа;
  4. потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на трговското друштво, односно трговските друштва не им е изречена споредна казна одземање на дозвола за приредување на игри на среќа;
  5. потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на трговското друштво, односно трговските друштва не им е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на дејност за приредување на игри на среќа;
  6. уверение за платени јавни давачки, издадено од надлежен орган и
  7. информација за економско-финансиската состојба на субјектот издадена од Централниот регистар на Република Македонија, со која се потврдува економско-финансиска состојба во работењето на субјектот за периодот на последната деловна година, а ако субјектот не е постар од една година-од денот неговото основање до денот на поднесувањето на барањето.

Оваа обемна документација е задолжителна.

Други важни напомени

Неколку други факти кои ги извлековме од Законот:

  • Времетраењето на приредувањето на наградната игра не може да биде подолго од една година.
  • Приредувачот на наградната игра е должен јавно да ги објави резултатите (добитниците) на наградите во рок од 3 дена од извлекувањето/определувањето на добивките и добитниците во најмалку еден дневен весник достапен на територијата на која се приредува наградната игра или на друг начин ги направи достапни.
  • Правилата на наградната игра пред отпочнување на наградната игра се објавуваат во најмалку еден дневен весник достапен на територијата на која се приредува наградната игра или на друг начин се прават достапни.
  • Исплатата на паричните/преземањето на стоковите и другите добивки од наградните игри се врши во рок одреден со правилата на играта кој не подолг од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите/добитниците.
  • Приредувачот на наградната игра плаќа надоместок за приредување на наградната игра во висина од 18% од вкупната вредност на фондот на наградите. Ако како приредувачи на наградната игра се јавуваат повеќе трговски друштва заедно, надоместокот се дели на приредувачите во еднаков износ, доколку помеѓу приредувачите. Уплатата треба да биде пред почетокот на наградната игра, а во
  • рок од 3 дена од денот на издавањето на дозволата.

Е сега Вие одлучете колку мора да се ангажира една компанија за да организира наградна игра. Спрема тоа колку од нив навистина се регуларни, многу малку изгледа вредат за придобивките.

 

Користен извор: Закон за наградни игри и за забавни игри