Наградна игра на Стопанска банка - "Кредит што наградува"

Рејтинг на корисник:  / 0
AddThis Social Bookmark Button

Стопанска Банка АД - Скопје започна со наградна игра во која учествуваат сите клиенти кои се корисници на "Потрошувачки кредит без обезбедување", а имаат поднесено барање во периодот од 12.11.2016 до 31.01.2017 година.

Во наградната игра ќе бидат доделени следниве награди:

-    5 вредносни ваучери од 120.000 МКД за патувања
-    5 вредносни ваучери од 30.750 МКД за фото/видео/IT опрема 
-    5 вредносни ваучери од 30.750 МКД за спортска опрема

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 15.02.2017 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД - Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен специјално за таа намена.

 

Добитниците ќе бидат објавени во рок од 3 дена, од денот на извлекување на наградите во дневниот весник „Утрински весник“ како и на веб страната на банката www.stb.com.mk.

 

Повеќе информации околу потрошувачкиот кредит погледнете во Правилата на наградната игра.

 

Превземено од банкарство.мк