Наградна игра на компанијата „Дел доделува"

Рејтинг на корисник:  / 1
AddThis Social Bookmark Button

Зимување за двајца во ски центарот Ишгл (Ischgl) во Австрија, „дел" (Dell) лаптопи и телефони се наградите кои ИТД дистрибуција ќе им ги додели на најсреќните учесници во новата наградна игра на компанијата „Дел доделува".

Наградната игра ќе започне од 10.12.2016 година и ќе трае до 31 јануари 2017 година.

Право на учество во наградната игра имаат сите кои во овој период ќе купат „дел“  лаптоп во продажните салони на партнерската мрежа на ИТД како што се: АМЦ, Анхоч, Нептун, ПЦ контрол, Софт мак, Телеком, ВИП...

Со купувањето на „дел“ лаптоп во продажните места купувачите ќе добијат купон кој потоа треба да го пополнат со лични податоци и заедно со фотокопии од фискална сметка, фактура или договор и гарантeн лист од ИТД дистрибуција да ги испратат во бел плик со назнака „Дел доделува” на адреса ул.1552 бр.22, П.Фах 26, Визбегово, 1012 Скопје, Р. Македонија, најдоцна до 4 февруари 2017.

Извлекувањето на наградите ќе се реализира на 11 февруари 2017 година (сабота) во 13 часот во Скопје сити мол.

Превземено од мкд.мк