Наградна игра на Кит-Го и Тера Маркети!

Рејтинг на корисник:  / 1
AddThis Social Bookmark Button

На 28ми април започна големата наградна игра, каде можат да учествуваат сите граѓани што купуваат од Кит-Го и Тера Маркетите.

Нашата 23 годишна традиција и опстојување на македонскиот пазар ни овозможува да кажеме дека сме горди на нашата работа и благодарни на нашите потрошувачи. Досега дадената доверба е доказ дека низ годините постојано ги задоволуваме барањата и потребите на купувачите, и преку голем труд и напор на нашиот менаџерски тим и вработени се обидуваме да ги задоволиме очекувањата на сите купувачи. Оваа наградна игра е само мал дел од нашата благодарност кон нив и веруваме дека граѓаните ќе учествуваат и ќе се забавуваат, а најсреќните ќе се израдуваат со голем број награди од предвидениот фонд“, изјави Александар Попов, комерцијален директор во Кит-Го.

 

Наградите се извлекуваат секој месец, во четири фази. Започна од Струмица на 4ти јуни, а потоа на 9ти јули во Неготино. Следното извлекување ќе биде на 20ти август во Кочани и главното извлекување на 1ви октомври во Штип.

Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера Маркети, потрошувачите добиваат купон (самолеплив) и леток на каса (на кој треба да залепат пет купони) и со тоа добиваат можност да учествуваат во наградната игра. Летокот се пополнува со личните податоци, на истиот се лепат добиените купони, а потоа тој се остава во означена кутија во самиот маркет. За учесниците важно е да се напомене дека сите недобитни летоци од претходните извлекувања ќе учествуваат и во главното извлекување на 1ви октомври.

Главната награда во играта е автомобил Опел Астра Седан 2016, а исто така и четири скутери и 12 велосипеди. За месечните среќни добитници ќе има 160 вредносни ваучери од 2000 денари, за пазарување во Кит-Го и Тера маркетите, како и 32 патувања низ Европа, односно Прага, Виена, Будимпешта и Истанбул, како и летувања на Крф, Тасос и Халкидики.

За повеќе информации околку наградната игра, можете да ја посетите Facebook страница на Кит-Го и Тера Маркети или да се информирате во било кој маркет на компанијата.

Преземено од http://emagazin.mk/vesti/vest/21692