НАГРАДНАТА ИГРА „1000 летни авантури со Аргета“

Рејтинг на корисник:  / 8
AddThis Social Bookmark Button

Наградната игра „1000 летни авантури со Аргета“ ќе трае 3 месеци започнувајќи од 01.07.2016 во 00:00 часот и ќе трае до 30.09.2016 во 23:59 часот.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица со над 18 години, жители на Република Македонија, во понатамошниот текст “учесници”, кои ги прифаќаат условите на овие правила: учесниците кои за време на наградната игра, ќе купат вкупно 2 Аргета паштети од 95гр. и ќе го испратат бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час,минута) преку СМС порака на телефонскиот број 14741 од кој било мобилен оператор во Р.Македонија.

Со испраќање на бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (часот,минута) на која се евидентирани купените производи на Аргета, преку CMC порака на бројот 14741, кој важи за сите мобилни оператори без користење на префикс (цената на CMC пораката изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ), се регистрираат за учество во наградната игра. Секој учесник во наградната игра е должен фискалната сметка за купените производи да ја чува до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов за да ја добие наградата.

Наградната игра располага со следниот фонд на награди:

30 семејни викенди во Аурора ресор и спа

• 30 велосипеди

• 30 шатори за кампување

• 100 сетови за бадмингтон

• 100 брендирани висечки мрежи за лежење

• 100 брендирани сетови за друштвени игри

• 100 брендирани торби за чување на ладни пијалоци

• 210 пластични чаши за ужинка со цефче и додатен дел

• 300 парови (машка и жанска) брендирани и дизајнирани маички

Повеќе инфорации за правилата на играта можете да најдете на следнов линк.