Продолжува предизвикот #НајдиБаланс!

Рејтинг на корисник:  / 0
AddThis Social Bookmark Button

Направи ја твојата балансирана комбинација, сподели и победи!

Големиот готвачки предизвик #НајдиБаланс се проширува и добива интересна апликација!

Правилата се следни: секоја недела се доделуваат награди на најдобрите тројца учесници чии комбинации ќе бидат најгласани преку #НајдиБаланс апликацијата.

Ако во комбинациите го нема Вашето омилено предјадење, главно јадење или десерт, се очекува Вашиот оригинален рецепт на Jademe.mk во категоријата Најди Баланс. На тој начин и Вашето омилено јадење ќе биде дел од комбинациите! Принципот е едноставен, а од Вас само се бара да се логирате на Jademe.mk со Вашиот Фејсбук профил и да го испратите Вашиот рецепт со кој Вие го „пронаоѓате својот баланс“. Сето тоа треба да биде прегледно и прецизно внесено, а за визуелниот ефект да биде комплетен од Вас очекуваме и ваша фотографија на специјалитетот.

Видеото од инструкциите за објава на рецепт можете да го видите тука.

Комбинирајте, споделувајте и влезете во трка за #НајдиБаланс награди, а во меѓувреме споделете го Вашето кулинарско знаење со заедницата на Jademe.mk преку оригинални и вкусни рецепти.

Апликацијата може да ја најдете тука.