НАГРАДНА ИГРА: Промоција на велосипедизмот и на убавините на Македонија

Рејтинг на корисник:  / 1
AddThis Social Bookmark Button

За сите оние што ги сакаат велосипедите, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) организираат наградна игра под мотото „Македонија се сака на точак“.

 Право на учество имаат сите корисници на Фејсбук кои се државјани на Република Македонија и се над 13-годишна возраст. Наградниот натпревар се одвива преку социјалната мрежа Фејсбук каде што треба да се прикачи фотографија со велосипед, која е создадена на територијата на Република Македонија и во кадар треба да се прикажани и убавините на нашата држава.Фотографијата не треба да е направена при управување на велосипедот.

 Наградната игра може да се најде на следниот линк: https://www.facebook.com/rsbspmk/app/1736499053305701/

Апликацијата е наменета за лична употреба, а за учесниците се предвидени парични и друг тип награди, кои се обезбедени од РСБСП и од АППТ. Изборот за највисоката парична награда, во вредност од 30.000 денари ќе биде наменета за најубавата фотографија, избрана од жири-комисија составена од пет члена. Парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите што ќе освојат најголем број гласови/лајкови.

Освен паричните награди, ќе бидат доделени и осум ваучери за бесплатно ноќевање за двајца во осум хотели низ земјава. Добитниците на наградите ќе бидат објавени седум дена по завршувањето на наградната игра, на Светскиот ден на туризмот – 27 Септември.