"Навика да освојам повеќе" - Нова наградна игра на Жито Маркети

Рејтинг на корисник:  / 0
AddThis Social Bookmark Button

Жито Маркети, еден од најраспространетите малопродажни трговски синџири во Македонија, започна голема Наградна игра, со богат фонд на награди за своите потрошувачи.

Наградната игра “Навика да освојам повеќе!”, ќе се трае месец и половина, почнувајќи од 1 септември, до 16 октомври, 2016 година, а главната награда е автомобил Фиат Линеа. Освен за автомобилот Фиат Линеа како главна награда, потрошувачите на Жито Маркети ќе играат и за друг богат награден фонд, како што се пет скутери, пет смарт телевизори, десет лап-топ компјутери, потоа десет машини за перење, како и 40 вредносни ваучери кои што можат да се употребат за пазарување во продавниците на овој трговски синџир.

Извлекување ќе се одржи на 22 октомври, 2016 година, на голема забава со популарни домашни музички артисти, на платото на супермаркетот Жито Ване, во Велес.