Се за СМС наградни игри

Рејтинг на корисник:  / 2
НајлошоНајдобро 
СМС наградна игра
AddThis Social Bookmark Button

Во прилог некои информации кои би требало да ги знаете за учество во СМС наградни игри.

 

Што се СМС наградни игри?

СМС наградните игри се едни од најпопуларните методи за учество на наградни игри. Ако некаде забележите наградна игра на која сакате да учестувате, Вие не мора да чекате да дојдете дома, да пуштите писмо или да аплицирате преку компјутер - се што треба да направите е само да го извадитеВашиот мобилен телефон, да го внесете потребниот код и да го пуштите на бараниот број. Возможно е уште само после неколку секунди да знаете дали сте добитник.

Kако да учествувате на СМС наградни игри?

За да ја испратие пораката за учество на наградна игра потребни Ви се телефонски број (премиум мобилен број) и кратко збор наречен keyword кој е наменет за таа наградна игра. Во некои наградни игри потребен е и соодветен код кој можете физички да го најдете на некој производ. Го користите Вашиот мобилен телефон за да ја пуштите СМС пораката на соодветниот телефонски број. Пример на минатогодишната наградна игра на Кожувчанка пуштавте СМС порака на бројот 142 149 со текст кој го содржи само кодот кој може да се најде на внатрешната страна од етикетата на секое купено шише Кожувчанка.

Дали пуштањето на СМС пораки за учество на наградни игри чини пари?

Различни се цените за пуштање на пораки воопшто, а исто така и за учество на наградните игри. Кај некои наградни игри освен основната цена за СМС порака која ја наплаќа Вашиот оператор, се наплаќа одреден износ кој во некои случаи може да биде доста повисок. Не заборавајте да ги прочитате условите на секоја наградна игра кои можете да ги најдете и на нашата веб страна.

Следете ги новостите

rss