Политика на приватност

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 
AddThis Social Bookmark Button

(верзија бр.1 креирана на 10.02.2012)

Оваа политика за приватност се однесува на сите услуги кои Ви се понудени преку овој веб сајт.

Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците се една од приоритетните задачи на smsnagradniigri. Ние посветуваме големо внимание на заштитата на личните податоци и затоа сме целосно транспаретни во однос податоците кои го прибираме, како и целите на нивната обработка. Ние работиме во согласност со Законот за Заштита на лични податоци, останатите законски норми, како и светските препораки за заштитa на личните податоци.

Оваа политика за приватност објаснува кои податоци се собираат од наша страна за време на вашата посета на нашите web страници и како тие се користат. Ова не се однесува на вашата посета на други web страници, на кои ќе пристапите преку нашата страница. 

ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ЦЕЛ НА НИВНАТА ОБРАБОТКА

Преку овој веб сајт можеме да ги прибираме следните видови на податоци:

  • Лични податоци кои самите ги внесувате како: име, презиме, датум на раѓање, телефонски број, е-пошта и др. кои претставуваат составен дел од Вашата регистрацијата на нашиот веб сајт. Ваквите податоци ги користиме да Ви испорачуваме информации за наградни игри или да Ви нудиме активности во кои можете да учествувате.
  • Колачиња (Cookies) – Кога пристапувате на нашиот веб сајт можеме да Ви испратиме едно или повеќе колачиња (мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на web серверот) до Вашиот компјутер, кои уникатно го идентификуваат Вашиот интернет прелистувач. Колачињата можеме да ги користиме со цел да го олесниме Вашето најавување во системот, да го прилагодиме веб сајтот врз основа на Вашите преференции и да имаме преглед на рекламите кои сте ги виделе или кликнале.
  • Серверски податоци – Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите web страници, нашиот web сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на web страниците.
  • Комуникациски податоци – Кога ќе испратите е-пошта до нас или друга комуникација, можеме да ги задржиме податоците од неа, со цел да ги обработиме и да одговориме на Вашето барање, како и да ги подобриме нашите услуги.Телефонските анкети во кои учествувате можат да бидат снимани во аудио формат, со претходно известување до Вас и Ваша согласност пред започнувањето на истите. Снимените аудио материјали не содржи никакви лични податоци по кои може да се изврши Ваша лична идентификација односно се снимаат само Вашите одговори. Снимените аудио материјали се користат со цел точно да се обработат изнесените ставови, да се оцени квалитетот на воспоставената комуникација и да се докаже извршувањето на истите пред клиентите. 
  • Линкови – ние можеме да Ви презентираме линкови во формат кој ни овозможува да го пратиме статусот на овие линкови, односно дали овие линкови сте ги кликнале, како и датумот и времето кога сте ги кликнале. Овие податоци ги користиме за рекламни цели, како и да го подобриме нашите услуги.

Во рамките на нашата маркетинг мрежа основна цел за која се прибираат и обработуваат Вашите податоци е директниот маркетинг. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходнo изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. Ние ги обработуваме Вашите лични податоци само за целите за кои се прибрани и во согласност со оваа политика на приватност. Ние вршиме постојана ревизија на нашата база на податоци со цел да бидеме сигурни дека ги прибираме, складираме и обработуваме само потребните податоци за директен маркетинг, како и за подобрување на нашите услуги. Споредни цели се: 

  • Ревизија, истражување и анализа за одржување, заштита и подобрување на нашите услуги 
  • Обезбедување на техничкото функционирање на нашата маркетинг мрежа 
  • Развој на нови услуги 

Вашите податоци се чуваат и обработуваат на нашите сервери лоцирани во Македонија

Користење и пренос на лични податоци

Вашите лични податоци кои Ве идентитикуваат како личност не се откриваат на трети лица.

Клиентите, партнерите и другите наши соработници имаат пристап до агрегирани информации кои преставуваат обработени групи на податоци, без притоа да имаат пристап до било кои од Вашите лични податоци, според кои можете да бидете идентификувани како личност.

Вашите лични податоци кои Ве идентификуваат како личност единствено можат да се откријат на законски овластени државни органи во согласност со Законот за лични податоци и други закони.

Доколку бидеме вклучени во некакво спојување, превземање или било кој форма на отуѓување на неговите средства, соодветно ќе Ве известиме пред Вашите податоци да бидат пренесени и да бидат предмет на друга политика за приватност. Во случај на промена на нашата организационата форма, доколку нема никакви промени на политиката на приватност, не е потребно никакво посебно известување до Вас. 

ИНФОРМАЦИСКА БЕЗБЕДНОСТ 

Ние применуваме разумни технички и организациони средства во согласност со Законот за лични податоци и препораките на Дирекцијата за Заштита на личните податоци, со цел да спречиме неавторизиран пристап и неавторизирана промена, откривање или уништување на личните податоци. Внатрешната политика вклучува интерни проверки на базата на податоци, надворешната меморија, безбедносните мерки, како и мерки на физичка безбедност против неавторизиран пристап до системите во кои се складирани личните податоци. 

Ние го ограничуваме пристапот до Збирката со личните податоци и истиот е дозволен само на нашите вработени и нашите агенти со склучен договор. Овие индивидуи се обврзани на доверливост и можат да бидат предмет на дисциплинска мерка, вклучувајќи исклучување и кривична одговорност доколку истите не ги почитуваат своите обврски. 

Со оглед на чуствителноста на дејноста во која дејствуваме, посветени сме на континуирано учење и обуки за своите вработени, клиенти и партнери. 

Вие сте одговорни за зачувување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка и сте целосно одговорни за сите активности што ќе настанат со употреба на истите. 

Вашето корисничко име и лозинка не треба да ги откривате на трети лица, затоа што на тој начин Вашата приватност може да биди повредена. 

Опцијата Запамти ме на овој компјутер, треба да ја користите кога пристапувате до нашиот систем од Вашиот компјутер и доколку имате соодветна заштита на ниво на оперативен систем. 

*** Никогаш нема да побараме да ја откриете Вашата лозинка за влез во нашиот систем, преку е-пошта или телефон. 

ИНТЕГРИТЕТ И ТОЧНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Ние превземаме разумни чекори со цел личните податоци кои ги обработуваме да бидат точни, комплетни и ажурирани, но сме зависни од членовите, кои треба постојано да ги ажурираат нивните лични податоци со најновите промени. 

ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Како член во нашата маркетинг мрежа имате пристап до Вашите лични податоци во било кое време. Исто така, можете да извршите самостојно ажурирање на Вашите лични податоци со новите промени, со цел податоците кои се чуваат за Вас да бидат точни и комплетни. 

Вообичаените процедури за промена на личните податоци можете да ги најдете во делот за Често Поставувани Прашања (ЧПП).  

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ 

Ве молиме земете во предвид дека ова Политика за приватност може да се менува од време на време. Промените вообичаено нема да ги намалуваат Вашите права предвидени во оваа Политика за приватност. Очекуваме ваквите промени да се случуваат многу ретко и истите да бидат мали. 

Доколку промените на Политиката за приватност ги намалуваат Вашите права предвидени со оваа Политка за приватност, ќе Ве информираме со соодветно соопштение испратено во Вашето виртуелно сандаче во нашиот систем. 

Секоја верзија на Политиката за приватност ќе биде идентификувана на врвот од страната со датум на креирање, а исто така ќе се чуваат и претходните верзии во архива, веднаш после првата настаната измена.

 

Тимот на Наградна игра