Скопје Сити Мол и Бимек организираат награден квиз

Рејтинг на корисник:  / 0
AddThis Social Bookmark Button

По повод ,,Светската недела на доење”, Скопје Сити Мол и Бимек организираат награден квиз за фактите окoлу доењето на фан страната на Скопје Сити Мол на социјалната мрежа Facebook.

 Идејата е преку награден квиз, мајките кои сега ги дојат своите деца и идните мајки да се едуцираат за фактите за доењето. Како помош, мајките ќе може да се послужат со веб страната на Бимек каде и можат да се пронајдат сите точни одговори за наградниот квиз. Колку временски трае еден надој?, Која е просечната количина на млеко која се исцицува за време на еден надој? и слични прашања ќе бидат поставувани на Facebook страната.

Прашањата ќе се поставуваат на 04.08 во 18ч. и ќе можат да се одговараат наредните 48ч. Победникот ќе се селектира преку софтверот на веб страната.

Наградите ги обезбедува Бимек кој е генерален застапник за производите на Medela, во игра се вредни производи за грижа на градите, производи за хранење и производи за колекција и складирање на мајчиното млеко.