“100 хаверборди за 100 среќни Magenta 1 корисници”

Рејтинг на корисник:  / 0
AddThis Social Bookmark Button

Организатор на наградната игра со име „100 хаверборди за 100 среќни Magenta 1 корисници“ е Македонски Телеком АД - Скопје.

 Учество во наградната игра ќе земат сите активни приватни корисници на опциите Cool или Cool Junior во Magenta 1. Правен основ (потврда) за учество во наградната игра е корисникот да има активен Magenta 1 пакет со вклучена опција Cool или Cool Junior на денот на извлекувањето. Со самото тоа што се активни корисници на Организаторот за еден од пакетите Magenta 1 со вклучена опција Cool или Cool Junior, корисниците автоматски влегуваат во наградната игра.

Наградната игра започнува на 03.10.2016 година и ќе трае до 25.11.2016 година.

Добитниците ќе се извлечат по случаен избор со помош на компјутерска програма која ќе избира од база на податоци по основ на корисничкиот код на носителот на Magenta 1 пакетот во кој има вклучени COOL или COOL Junior опција. Корисничкиот код е уникатен за секој корисник. Базата на податоци ќе ја обезбеди Македонски Телеком АД – Скопје. Излекувањата ќе се одржуваат секоја втора недела.

Официјалните резултати од секое извлекување на наградите ќе бидат објавени на официјалната веб странa на Македонски Телеком АД – Скопје (www.telekom.mk), во рок од 3 работни дена по официјалното извлекување на добитниците.

Правилата на наградната игра можете да ги погледнете на следниов линк.