Со Lacalut до ѕвездите!

Рејтинг на корисник:  / 7
НајлошоНајдобро 
AddThis Social Bookmark Button

"Со Лакалут до ѕвездите"

Времетраењето на наградната игра е 01.02.2017 (почеток на наградната игра) до 31.03.2017 (крај на наградната игра).

Местото на одржување на наградната игра е целата територија на Република Македонија.

Право на учество во наградната игра имаат сите кои ќе купат два примероци од производот кој е спакуван во специјално хороскопско издание Лаклаут Актив на НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје (организатор на наградната игра), освен вработените во Друштво за трговија НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства.

За да се учествува во извлекувањето на наградите потребно е да се соберат 2 (две) празни пакувања од специјалното хороскопско издание на производот ЛАКАЛУТ АКТИВ на НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје (организатор на наградната игра) и заедно со податоците на испраќачот име, презиме, адреса и телефонски број да се испратат спакувани во бел плик на адреса: Поштенски фах 1161, 1000 Скопје. 

Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.

Во наградната игра учествуваат сите пликови пристигнати на адреса на организаторот до 31.03.2017. Наградната игра ќе има едно извлекување кое ќе биде на 11.04.2017г.

Во извлекувањето ќе бидат доделни следниве награди:

  1. 3 главни награди патување во Валенсија, Шпанија за двајца. Главна цел е посета на планетариумот L'Hemisfèric. Секој од добитниците добива патување за двајца со вклучена авионска карта на релација Скопје- Валенсија- Скопје со вклучен багаж од 23кг, две ноќевања со појадок во хотел 4*, трансфер аеродром-хотел- аеродром и две влезници во L’Hemisferic. Патувањето ќе се реализира во работни денови од понеделник до петок во месец април или мај 2017 година. Вредноста на патувањето по добитник изнесува 75.392 денари.
  2. 30 ваучери за стоматолошки услуги кај соработниците на Друштво за трговија НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје во вредност од 3.000 ден
  3. 50 пакетчиња со производи од Лакалут во вредност од 1.000 ден 

Извлекувањето на  наградите ќе биде организирано преку едно извлекување и тоа на следниот датум 11.04.2017г. во 12:00 часот,  во просториите на Друштво за трговија НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје со седиште на ул. КАЧАНИЧКИ ПАТ бр. 174 Скопје, Република Македонија по случаен избор со влечење на пликовите комплетирани со 2 (две) празни пакувања од соодветните производи и податоци на испраќачот.

Повеќе за правилата на наградната игра посетете го линков.