Голема наградна игра на АД Европа

Рејтинг на корисник:  / 6
НајлошоНајдобро 
AddThis Social Bookmark Button

АД Европа организира нова Наградна игра !

 

Натпреварот трае од 10-ти мај 2017 година од моментот на објавата на Facebook фан страницата на АД Европа од страна на администраторот дека натпреварот е започнат, до 7-ми јуни 2017 година 23:59 часот.    

Право на учество во натпреварот имаат сите државјани на Република Македонија, кои имаат профил на социјалните медиуми Facebook или Instagram.

 

     Правила за учество во натпреварот

Основен услов за учество во натпреварот е корисниците да ја прифатат Facebook апликацијата која се појавува во вид на pop-up прозорче по кликнување на копчето „Почеток“ на страницата http://evropa.com.mk/135.
За учеството да биде регуларно, учесниците мораат да ги прифатат Правилата на натпреварот и точно да го пополнат прашалникот со следните податоци:

- Име и презиме
- E-mail
- Телефон за контакт

Корисниците на Instagram можат да го пријават своето учество во натпреварот преку објавување на јавна фотографија со хаштагот #135ГодиниЕвропа.

За да влезе во конкуренција за освојување на главните 5 подароци, пријавената фотографија мора да биде споделена најмалку 5 пати преку копчето „Сподели“ кое се наоѓа на самата фотографија, во делот „Галерија“ на страницата www.evropa.com.mk/135.

 

Лична одговорност е на корисникот заштитата на доверливоста на лозинките за оние места каде што е предвидено да се впишат. Организаторот не сноси никаква одговорност за било какво губење на податоците, поради прекин на услугите при пренос на информациите на интернет. Корисникот во целост се согласува и прифаќа дека пристапот до апликацијата понекогаш може да биде во прекин, односно привремено недостапен или пак исклучен, без оглед на причините.

     Механизам за учество во натпреварот

За да се стане потенцијален добитник на подарок, учесникот треба да создаде фотографија на која ќе биде прикажана бројката „135“ испишана со производите на АД Европа.

Фотографијата треба да се прикачи на страницата www.evropa.com.mk/135 или преку Instagram со објавување на јавна фотографија која во описот ќе го содржи хаштагот #135ГодиниЕвропа.

Пријавените фотографии мора да бидат лично дело на авторот и не смеат да биде преземени од интернет или друг извор, во спротивно учесникот ќе биде дисквалификуван од натпреварот.

Учесниците имаат неограничени број на можности за прикачување на фотографии, меѓутоа може да освојат најмногу еден подарок.

За да влезе во конкуренција за освојување на главните 5 подароци, пријавената фотографија мора да биде споделена најмалку 5 пати преку копчето „Сподели“ кое се наоѓа на самата фотографија, во делот „Галерија“ на страницата www.evropa.com.mk/135

За најдобрите фотографии одлучува стручно жири составено од 4 членови: Марјан Лазаревски (@mlazarevski) – фотограф и Instagram корисник, Мери Шешо (@merisesho) – Instagram корисник и Ања Славковиќ – претставник од АД Европа.     

Најдобрите 5 фотографии добиваат големи пакети со производи од Европа, додека следно пласираните, средни и мали пакети. 

     Подигнување на подароците

Подароците ќе можат да се подигнат исклучиво од продавницата на АД ЕВРОПА Скопје - Фабрика за чоколади, вафли и бонбони во Т.Ц. Палома Бјанка - Скопје, во период од 30 работни дена по завршувањето на натпреварот, во периодот од 10:00 до 20:00 часот. Подароците се подигнуваат лично, со приложување на документ за лична идентификација. Подароците не можат да се испратат на домашна адреса. Подароците не може да се пренесат на друго лице или да се заменат со пари. 

Добитници

Добитниците ќе бидат прогласени во рок од 3 дена по завршување на натпреварот, односно на 10 јуни 2017 година.