НОВА НАГРАДНА ИГРА “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“ 2017

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 
AddThis Social Bookmark Button

ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА

“ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“

 

Организатор на наградната игра

Организатор на наградната игра со назив “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“ е Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК 4011995103008 и ЕМБС 5017556.

Назив на наградната игра

Официјалното име на наградната игра гласи “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“.

Територија

Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува на територијата на Град Скопје.

Право на учество

Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република Македонија, со купување на Пакет ИЗВОРСКА 1/6 во пакување од 0,5 литри, посебно означен за наградна игра.

Право на учество во наградната игра немаат вработените во ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци и членовите на потесниот круг на нивните семејства.

Место на одржување на наградната игра

Наградната игра ќе се одржува и ќе важи само за градот Скопје, во сите објекти на маркетите ТИНЕКС-МТ, СКОПСКИ ПАЗАР, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, а во неа можат  да  учествуваат  сите  полнолетни  граѓани  на  Република Македонија.

Времетраење на наградната игра

Наградната игра ќе се спроведува во периодот од 01.07.2017 година до 31.08.2017 година во објектите на маркетите ТИНЕКС-МТ, СКОПСКИ ПАЗАР, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје, во кои се продава минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,5 литри.

Наградната игра започнува на 01.07.2017 година до 31.08.2017 година.

Услови за учество во наградната игра

Секое полнолетно физичко лице, кое во периодот на времетраењето на наградната игра од 01.07.2017 година до 31.08.2017 година, ќе купи пакет минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,5 литри во објектите на маркетите ТИНЕКС-МТ, СКОПСКИ ПАЗАР, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје, каде што истите се продаваат, се стекнува со право на учество во наградната игра.

Не постои никакво ограничување на количината која секој учесник ќе сака да ја купи.

 

Механизам на наградната игра

            ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци во периодот додека трае наградната игра ќе пушти во промет неограничена количина од минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,5 литри.

Производите предмет на наградната игра ќе бидат пакувани во Пакет 1/6, посебно означен со етикета за наградна игра, на која ќе биде впишан називот на наградната игра и правилата за учество во наградната игра.

Со секој купен пакет минерална негазирана вода ИЗВОРСКА 1/6, во пакување од 0,5 литри, учесниците добиваат инсертер, во кој ги пополнуваат сопствените податоци и се собираат во посебно дизајнирани наградни кутии, кои ќе бидат поставени во сите објекти во маркетите ТИНЕКС-МТ, СКОПСКИ ПАЗАР, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје.

За да се подигне и реализира наградата потребно е добитникот да ја приложи фискалната сметка за купениот производ.

Секој учесник во наградната игра е должен да ги наведе сопствените податоци во инсертерот, како и во него во посебно означените полиња да наведе:

  • Име и презиме;
  • Адреса на живеење;
  • Број на мобилен телефон
  • Број на фискална сметка.

Така пополнетиот инсертер, учесникот треба да го вметне во посебно дизајнирана наградна кутија која ќе биде поставена во секој објект на маркетите ТИНЕКС-МТ, СКОПСКИ ПАЗАР, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје, во периодот од 01.07.2017 година до 31.08.2017 година.

 

Регуларност на извлекување

Организаторот на наградната игра ќе формира комисија од три члена, еден член вработен кај организаторот на наградната игра и двајца надворешни членови, кои ќе бидат задолжени да се грижат за регуларноста на текот на наградната игра и за извлекувањето на наградите, која ќе води и ќе состави записник за секој добитник на награда, кој ќе биде потпишан од страна на членовите на комисијата.

 

Извлекување на награди

По завршувањето на периодот на времетраењето на наградната игра сите инсертери од посебно дизајнираните наградни кутии се собираат во еден објект за секој маркет посебно, по што инсертерите од сите наградни кутии се истураат во еден поголем сад.

Инсертерите собрани во објектите на маркетите ТИНЕКС-МТ, СКОПСКИ ПАЗАР, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР се собираат одделно за секој маркет и ќе се доделуваат награди во соработка со секој маркет посебно.

Извлекувањето на наградите ќе се врши на начин што едно лице ќе ги измеша внесените инсертери во големиот сад, ќе ги фрли во висина, а друго лице ќе фати еден инсертер, кој ќе биде добитник на награда за извлекувањето во еден маркет.

Извлекувањето ќе биде јавно, пред тричлена комисија назначена од страна на организаторот на наградната игра. Комисијата се состои од претставник на организаторот, претставник од ИНОВАТИВА ГРУП ДОО Скопје и претставник од соодветниот Маркет.

При извлекувањето ќе биде проверувана исправноста на инсертерите, односно дали се впишани податоците кои се бараат од учесниците. Ако тие не се исправни, ќе се врши влечење на друг инсертер сè додека не се извлечат сите награди.

Ќе се извлечат по три резервни добитници, во случај  некој  од  добитниците  да не приложи фискална сметка, се откажат од наградата или да не одговорат на неа.