Нова наградна игра на Македонски Телеком

AddThis Social Bookmark Button

Почнувајќи од 12 септември до 29 декември 2016 година, Програмата за лојалност на Македоски Телеком со нова наградна игра и многу вредни награди зa своите корисници.

 Учествувајте во наградната игра, искористете ги Мој клуб поените и на секои две недели, очекувајте еден од 100-те одлични Samsung, Alcatel или Huawei смартфони да биде Ваш.

За учество следете ги следниве чекори:

  • Пратете бесплатнo SMS порака со текст „КUPON” на 070 142 500;
  • За 200 Мој клуб поени добијте еден купон за учество.

Со секој следен нарачан купон, вашите шанси за добивка се зголемуваат. Колку повеќе купони имате во секој од осумте поединечни наградни циклуси, толку повеќе ги зголемувате шансите да бидете меѓу победниците во едно од осумте извлекувања на наградите:

  1. 10 смартфони Samsung Galaxy A3 во првото извлекување;
  2. 10 смартфони Samsung Galaxy J3(16) во второто извлекување;
  3. 15 смартфони Huawei Y5II во третoто извлекување;
  4. 15 смартфони Huawei Y6 во четвртото извлекување;
  5. 15 смартфони Alcatel PoP4 во петтото и шестото извлекување;
  6. 10 смартфони Samsung Galaxy A3 во седмото извлекување;
  7. 10 смартфони Samsung Galaxy J3(16) во осмото извлекување.

Наградната игра важи за физички лица – корисници на постпејд и припејд мобилни услуги на Телеком постари од 18 години.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши по завршувањето на секој награден циклус, односно на: 26 септември, 10 и 25 октомври, 7 и 21 ноември, 5, 19 и 30 декември 2016 година.