Персонален данок на добивките од наградни игри и игри на среќа

Персонален данок на добивките од наградни игри и игри на среќа
AddThis Social Bookmark Button

Доколку имате остварено добивка од наградна игра, игра на среќа, спортско обложување и слично, во изност од над 10 000 денари, потребно е да се пријави во УЈП.

 

Добивки од игри на среќа и други наградни игри се приходите што обврзникот ги остварува од игри на среќа и други наградни игри, кои можат да бидат остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид.

Пресметување на персоналниот данок на доход од наградни игри и игри на среќа

Персонален данок на доход за добивките од игри на среќа и други наградни игри се пресметува и плаќа доколку добивката која некој ја добил е над 10.000 денари. Данокот на доход за не се плаќа ако поединечната добивка не го надминува износот од 10.000 денари. Даночната стапка од од 01.01 2008 година изнесува 10%.

Доколку истата е во предмети/материјали, основа на данокот на доход е пазарната вредност на истите во моментот кога добивката била остварена.

Обврска за плаќање на данокот

Обврската за исплаќање на добивки над 10.000 денари е на приредувачот на играта на среќа и наградна игра кој го задржува и плаќа персоналниот данок на доход во име на добитникот. За ова тој треба да му издаде пресметка на добитникот.

Пријавување на данокот

 

Добивката од игра на среќа или наградна игра треба да се пријави во УЈП со поднесување на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

Информациите за овој текст се добиени од веб страницата на УЈП.